ВИДЕО: Прекините беа кобни, Лион со „петарда“ слави кај Сент-Етјен

Фудбалерите на Лион запишаа убедливо славје кај Сент-Етјен од 0-5 (0-2) и одржаа чекор со водечките ПСЖ и Лил во Лига 1. Уште во првото полувреме, Кадевер и Марсело со по два погодоци во двете полувремиња ги заверија бодовите за својот тим. Интересно беше дека три од петте гола паднаа по прекини. 

  • Извештај од натпреварот:

Течеше 16. минута кога по една мешаница и корнер за Лион, Тино Кадевер доби топка на „тацна“ и ја смести во противничката мрежа за 0-1. Стоперот Марсело беше кобен за Сент-Етјен, бидејќи во два наврати погодуваше речиси од идентични ситуации и слободни удари од далечина. По нафрлувања од Дубоа, Марсело убаво се снајде во 36, а потоа и 59. минута од мечот. 

До крајот, втор гол на своето конто запиша и Кадевер, овојпат по асистенција од Депај. Крилниот играч си направи простор и со удар по земја го матира Мулин за 0-4 во 68. минута. Во финишот Сент-Етјен си даде и автогол преку Буанга, по кој беа поставени конечните 0-5.

Лион по оваа победа одржа чекор со ПСЖ и Лил, па по 21 коло заостанува со два бодови зад двоецот на врвот.