• Сашо Поповски
Мексичкиот фудбалски сојуз одлучи да го суспендира овогодишната Клаусура по 18 одиграни кола, поради коронавирусот.
Тоа е уште еден случај во фудбалскиот свет каде првенството мораше да се поништи, под закана на пандемијата која владее во целиот свет. Оваа година во Мексико нема да се игра фудбал, но двата претставници во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, Круз Азул и Леон, ќе имаат дозвола да играат во ова натпреварување.
Причината за оваа тешка одлука на сојузот се позитивните резултати од екипата на Сантос Лагуна, каде 12 фудбалери беа известени дека се заразени со ковид-19.
Второто натпреварување Апертура исто така е неизвесно, а треба да започне во втората половина од јули.
Сојузот донесе интересна одлука да нема испаѓање во ранг подолу во наредните шест години. Ова ќе им се допадне на сите помали клубови во мексичката лига, кои речиси секоја година се борат за опстанок во елитата.