ВИДЕО: Прекинат меч во Примера заради протести против домашниот претседател!

Натпреварот од осмото коло во шпанска Примера меѓу Рајо Ваљекано и Атлетик Билбао е прекинат во првото полувреме при резултат 0-0. Навивачите на Рајо Ваљекано организираа протест насочен против претседателот на клубот, Раул Мартин Преса.

За време на натпреварот од трибините беа фрлени голем број хартиени авиончиња на теренот. Поради невозможноста да се обезбедат нормални услови за игра и чистење на теренот, главниот судија донесе одлука привремено да го прекинe натпреварот.

По повеќе од 35 минути пауза, беше направен обид средбата да продолжи, но протестот повторно започна. Навивачите продолжија да фрлаат предмети на теренот, по што судијата донесе одлука натпреварот да биде прекинат. 

Организаторот ќе претрпи санкции за пропусти во организацијата, а шпанската Ла Лига ќе побара нов термин за доигрување на натпреварот.