ВИДЕО: Навивач доживеа срцев удар во ПЛ, голем гест на дуо на Тотенхем!

Натпреварот меѓу Њукасл и Тотенхем беше одредено време во прекин затоа што еден од навивачите колабира на трибините. Она што се случи на ЕП 2020 на теренот кога во фокусот беше Кристијан Ериксен, сега се случи на „Сент Џејмс Парк“.

Се играше крајот на првото полувреме, кога играчите забележаа нешто чудно на трибините. Веднаш се доби информација дека еден од посителите има срцев удар, па играчите на Тотенхем направија голем гест.

Регуљон беше прв кој дотрча до судијата и му кажа што се случува, додека Ерик Дaјeр ја повика медицинската служба и обезбедија дефибрилатор кој веднаш беше транспортиран во публика за да се спаси навивачот.

Според досегашните информации, лекарите успеале да му го спасат животот на навивачот поради брзата реакција, а дуелот ќе продолжи да се игра.

Состави

Eddie Howe

4-1-4-1

    Антонио Конте

    4-2-3-1