ВИДЕО: Прекин во Грац - помошниот судија погоден со предмет во главата!

Тимот на АЕК Ларнака, за кој настапуваат Иван Тричковски и Даниел Мојсов, имаше водство од 0-2 против Штурм Грац, пред натпреварот во 77. минута да биде прекинат.

Именот, Штурм со голот на Иван Тричковски поведе со 0-2, а некој од гневните навивачи со тврд предмет го погоди линискиот судија во главата, а тој веднаш падна облеан со крв, по што и мечот беше прекинат.

Сепак по 20-тина минути натпреварот продолжи, но резултатот остана непроменет, па тимот на Тричковски и Мојсов со голема победа се враќа на Кипар.