• Саше Љолес
Иако беше најавено дека Баерн Минхен ќе му понуди нов договор на Џамал Мусиала, сепак преговорите „запнале“ последниов период, по што иднината на германскиот репрезентативец засега останува неивесна.
Мусиала неколку пати изјави дека никогаш не би заминал од Баерн, но најновите информации говорат дека преговорите заглавиле околу откупната клаузула која фудбалерот сака да ја вметне во договорот, а истата би требало да изнесува неверојатни 175 милиони евра.
Баерн е клуб познат по тоа што нема ваква практика во минатото, па затоа управата решила привремено да ја стопира новата соработка. За Мусиала има интерес од многу европски гиганти, но мала е веројатноста дека Баварците би се решиле на продажба.
Неговиот важечки договор трае до следната година, па затоа конечната одлука мора да биде донесена наскоро. Муисала досега одигра 127 натпревари за Баерн и постигна 47 гола во сите конкуренции.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.