Преговорите пропаднаа, Јунајтед остана без еден од најголемите таленти

Оле Гунер Солскјер не успеа да пронајде заеднички јазик со Анхел Гомес и Манчестер Јунајтед и официјално останува без услугите на еден од најголемите таленти во својата академија.

Младиот англиски фудбалер неколку пати ги одбиваше понудите на својот матичен клуб и по 14 години ќе се раздели со англискиот гигант, откако на први јули му истекува постоечкиот договор. 

Менаџерот на „ѓаволите“ потврди дека договорот со 19-годишниот офанзивец нема да биде продолжен, па така младиот репрезентативец на Англија како слободен фудбалер ќе може да се пресели во нов клуб.

Гомес во Манчестер е од својата петта година, ги мина сите филтри во академијата и во 2017 година го имаше своето деби на „Олд Трафорд“. Оваа сезона настапи на вкупно седум натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, додека за Англија У20 одигра три меча и постигна два гола. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.