Предводникот на Шкендија пред две години бил киднапиран во Албанија!?

Новиот стратег на Шкендија, Ернест Ѓока, пред две години ги минувал своите најтешки денови од тренерската кариера, откако бил киднапиран во Албанија, додека бил на чело на тимот на Влазнија. 

Според новинарот Сенад Никшиќ, кој оваа информација ја обелодени во емисијата „Спортски Прцес“, Ѓока неколку дена бил чуван во заложништво на криминалци од Албанија, а засега не е познато што точно се барало од него. По неколку дена бил пуштен на слобода, но случајот не го пријавил во полиција. 

Никшиќ тврди дека Ѓока не бил единствениот предводник на Влазнија кој бил мета на албанската мафија, претходно истата судбина ја имале и  Армандо Кунгу и Агим Цанај.

Ситуацијата во Влазнија не е сјајна ниту оваа сезона, откако пред неколку дена под автомобил на еден од раководните лица на клубот беше пронајден експлозив.