Предупредување од Ц. Звезда за Баерн и Тотенхем: Можеме да ги победиме и најдобрите! 

По ланската пеколна група, екипата на Црвена Звезда и во новата сезона на Лигата на шампионите ќе се судри со два европски гигнати.

Во Белград ќе гостуваат европскиот вицешампион Тотенхем, како и германскиот првак Баерн Минхен, но во седиштето на „црвено-белите“ владее оптимизам, кој на навивачите им го пренесе спортскиот директор Митар Мркела.

„Во Лигата на шампионите нема слаби екипи. Сите заслужено се дел од оваа групна фаза. Мислам дека ниту еден тим не може предвреме да си запише три бода. Во нашата група фаворити се Баерн Минхен и Тотенхем, но тоа не значи дека треба да се отпишат Црвена Звезда и Олимпијакос. Мислам дека со ланските натпревари докажавме дека поседуваме квалитет и можеме да победиме секој ривал“, рече спортскиот директор на српскиот шампион. 

Прв противник на Црвена Звезда ќе биде Баерн Минхен, натпревар кој се игра на 18 септември во Германија.