Предраг Ранѓеловиќ потпиша со шведски Варнамо

Предраг Ранѓеловиќ, поранешниот фудбалер на Вардар кој има и настапи за македонската репрезентација, ја промени средината и потпиша со шведски Варнамо.

Фудбалерот од средниот ред во Варнамо доаѓа од Далкурд каде играше од 2016 година и беше клучен играч во тимот. Со шведскиот колектив, Ранѓеловиќ потпиша двегодишен договор со можност за продолжување.

Варнамо игра во шведската втора лига, а своето деби во новата средина Ранѓеловиќ ќе го има на стартот на април.