Предноста „гол во гости“ нема да важи во претстојната нокаут фаза во ЛШ

ЛШ гол во гости

Нион беше во центарот на вниманието за време на ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите. Европската фудбалска унија (УЕФА) направи пропуст во првиот обид, па го повтори извлекувањето три часа подоцна.

Ждрепката ги донесе следните парови:

  • Салцбург - Баерн Минхен
  • Спортинг - Манчестер Сити
  • Бенфика - Ајакс
  • Челзи - Лил
  • Атлетико Мадрид - Манчестер Јунајтед
  • Интер - Ливерпул
  • ПСЖ - Реал Мадрид
  • Виљареал - Јувентус

Натпреварите ќе се играат во февруари и март наредната година во терминот од 21:00 часот.

Од оваа сезона фановите ќе треба да се навикнуваат на недостатокот на правилото „гол во гости“ . Тековната сезона ќе донесе новитет и ќе спречи да има предност според бројот на постигнати голови на гостински терен.

Продолженија ќе се играат кога има нерешен резултат, без разлика на учинокот на гостински терен. Ако и по нив нема победник, двомечот ќе се одлучува преку пенал рулетот.