Предлог за проширување на Сегунда, Депор нема да испадне во Трета лига?

Шпанската фудбалска асоцијација му предложи на раководството на  лигата проширување на Сегунда за две екипи и тоа само во сезоната 2020/21. Предлогот е доставен заради исклучителни околности поради кои натпреварот од последното коло Депортиво Ла Коруња - Фуенлабрада беше одложен.

Во пресрет на натпреварот, беше откриено дека неколку фудбалери на гостинскиот тим биле заразени со коронавирусот и натпреварот се одложи, додека останатите дуели што решаваа за пласманот во Примера и испаѓање во Сегунда Б беа редовно одиграни.

Според правилата сите натпревари требаше да се играат во ист ден и во исто време, поради што Депортиво иницираше правна постапка.

Предлогот, писмено е испратен од Андреу Кампс, генералниот секретар на Шпанската фудбалска федерација до водечките луѓе на лигата, Министерството за спорт и до претседателите на клубовите засегнати со проширувањето. Во предлогот се наведува дека две дополнителни места ќе добијат Депортиво и Нумансија, екипи. во пресрет на последното коло имаше шанса за опстанок.

Доколку раководството на лигата го усвои овој предлог на Шпанската фудбалска федерација, тоа ќе значи дека славниот клуб од Ла Коруња, шпанскиот шампион од 2000 година, нема да биде префрлен во третата лига.