• Горан Упале


Првпат по пола година, Украина неодамна заигра фудбал и продолжи да сонува за пласман на Мундијалот. Во заостанатото полуфинале од баражот за пласман во Катар, Украинците пред неколку дена ја разбија Шкотска во Глазгов и сега само еден меч ги дели од место на Светското првенство. На патот им стои уште едно гостување и уште една островска селекција – Велс.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Украина - Велс
Велшаните местото во финалето го обезбедија уште пред неколку месеци со победата над Австрија, но поради војната во Украина мораа да чекаат до сега за ривалот во финалето. Украинците спречија островска пресметка и сонуваат за триумф кој на народот во земјата ќе му значи многу повеќе од само една фудбалска победа.
Украинците одиграа одлично во Глазгов, но сега ги чека сериозен ривал. И пред се Герет Бејл мотивиран да креира уште едно чудо за својата репрезентација. Во полуфиналето со два спектакуларни гола против Австрија покажа дека и понатаму е светска класа без разлика на сезоната во која скоро и да не играше за Реал Мадрид.
Велс во Лигата на нациите го одмори Бејл, Ремзи и уште неколку клучни играчи за да биде спремен за Украина и покрај тоа што тесно беше поразен од Полска во најсилен состав.