Пред три години Реал одби 120 милиони, а сега Иско заминува без обештетување

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско од следната сезона ќе ги брани боите на друг клуб, отккао шпанските медиуми пишуваат дека се согласил да се пресели во редовите на Бетис.

Тој ќе потпише двегодишен договор, според кој ќе заработува нешто повеќе од 10 милиони евра по сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една. Дополнително, офанзивецот ќе добива различни бонуси бидејќи во клубот доаѓа како слободен играч, односно без обештетување.

„Кралскиот“ клуб пред три години имаше понуда од ПСЖ за Иско од 120.000.000 евра, но истата беше одбиена, па сега нема да добие ниту евро за неговиот трансфер.

Иско во Реал Мадрид пристигна од 2013 година од Малага, оттогаш одигра 350 натпревари на кои постигна 53 гола. Во последниот период има проблеми со повредите и формата и затоа најчесто ја грее клупата на „кралевите“.