• Зоран Мишевски
Трагична вест доаѓа од Грција. Фудбалерот на Панатинаикос, Џорџ Балдок е пронајден мртов во својата куќа, јавуваат грчките медиуми.
Балдок пред само три дена настапи на дерби дуелот против Олимпијакос, на теренот мина 75 минути, а според написите на атинска „Газета“ вечерва се удавил во базен. До него имало шише вотка, испиено до половина.
Со часови го барала неговата сопруга која живее во Англија со нивното дете. За жал, обидот заврши безуспешно.
Болдок е роден во Англија, од 2017 до 2024 година настапуваше за Шефилд Јунајтед, додека од 2022 година беше репрезентативец на Грција поради своите корени од оваа земја.