ВИДЕО: Пред точно една година Пандев се радуваше на првиот Куп-трофеј на својот клуб

22 мај има посебно место во календарот на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. На овој датум пред точно десет години го разви македонското знаме на „Сантијаго Бернабеу“ и го направи својот најголем успех како играч.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Пред десет години на „Бернабеу“ се вееше македонското знаме – Пандев ја освои ЛШ!

Тогаш со својот Интер ја освои својата единствена титула во Лигата на шампионите, а пред точно една година неговиот клуб Академија Пандев испиша историја и го грабна Куп-трофејот на Македонија

Во големото финале „пандевци“ беа поуспешни од Македонија Ѓорче Петров, откако имаа повеќе среќа и концентрација во пенал-рулетот. 

Овој трофеј на Академија Пандев беше награда за максималната ангажираност на структурата на клубот, кој за краток период стана стабилен прволигаш и тим од кого никнуваат бројни македонски таленти.