Пред точно четири години: Денот кога Пандев го исполни сонот на многу генерации! (ВИДЕО)

На денешен ден пред точно четири години секој граѓанин на Македонија беше горд на фудбалерите, кои направија неверојатен успех кој беше сон на секоја генерација.

Во Тбилиси, момците на Игор Ангеловски одиграа епски дуел со Грузија и за првпат во историјата обезбедија пласман на еден голем фудбалски собир. Херој на Македонија во тоа финале од Лигата на Нации беше големиот Горан Пандев, кој со својот гол си го оствари сонот и ја предводеше својата селекција на континенталниот собир.

Таму, Македонија не успеа да забележи бодови на дуелите со Украина, Холандија и Австрија, но со својот пристап на игра остави позитивен впечаток кај фудбалската јавност.