ВИДЕО: Пред една седмица плачеше дека е во лоша форма, а денес му даде ТРИ гола на Барнли! 

Кристијан Пулишиќ го одигра убедливо најдобриот натпревар во дресот на својот нов клуб Челзи. На денешното затворање на денот во Премиер лигата, американската ѕвезда блесна со сиот свој слај, нè наврати на неговите фантастични партии во дресот на Борусија Дортмуд и со три гола го водеше својот тим до убедлива победа над Барнли од 2-4. 

  • Извештај од натпреварот: 

Овој хет-трик на 21-годишниот офанзивец на „сините“ доаѓа во вистински момент, затоа што пред само една седмица заплака поради лошата форма и земената во дресот на својата селекција САД

Незаборавната партија ја најави во 21. минута кога го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел погоди уште еднаш. Во ист стил го започна и второто полувреме и во 56. минута зголеми на 0-3, додека мрежата на домаќинот ја погоди и Вилијам за убедливи 0-4. 

Домашните фудбалери многу доцна се созедоа од шокот и дури во самиот финиш заиграа подобро и постигнаа два прекрасни гола во гостинската мрежа. Прв стрелаше Родригез во 86. минута, а конечните 2-4 ги постави МекНеил во 89. минута. 

Во следното коло Челзи го игра градското дерби со Вотфорд, а Барнли пред себе ќе го има залетаниот Шефилд Јунајтед.