Пред еден месец ѝ се нудеше на Германија, сега ќе седне на клупата на Олимпија Љубљана!

Познатиот германски стручњак Феликс Магат се враќа на тренерската работа. Тој во наредните денови треба да го преземе тимот на Олимпија од Љубљана. Словенечкиот клуб му врачи отказ на португалскиот стручњак Жоао Енрикес, а на негово место ќе го ангажира легендарниот Германец.

Според информациите кои доаѓаат од Словенија, 70-годишниот стручњак се сретнал со претседателот на Олимпија, Адам Делиус во Хрватска. Договорот е постигнат и Магат ќе седне на клупата на Олимпија. Секако треба да се истакне дека Магат не беше првиот пик на управата на „змејовите“. Тие најпрво се обратиле до својот поранешен тренер Игор Бишќан, но тој ги одбил поради тоа што пред неколку години се разделиле со кавга.

Феликс Магат е вистинска легенда на германскиот фудбал и како играч и како тренер, а работеше во најголемите клубови во оваа земја. Инаку, пред еден месец искусниот стратег се нудеше да седне на клупата на Германија, сметајќи дека тој е вистинскиот тренер за излез од кризата, но Фудбалскиот сојуз на следниот домаќин на Европското првенсрво се реши довербата да му ја додели на Јулијан Нагелсман.

<<< ПОВРЗАНО - Подзаборавен германски тренер се нуди: Сум носел тимови од дното до врвот

Олимпија по единаесет одиграни кола е на третото место на првенствената табела во Словенија со 20 бода. Водечкиот Целје има шест бода повеќе, а второпласираниот Копер собра четири бода повеќе од Олимпија .