• Иван Димовски
Пред десет години на 12 ноември фудбалската репрезентација на Хрватска одигра пријателски натпревар со Аргентина во Лондон (2-1).
Интересна е ситуацијата на еден од хрватските фудбалери кој настапи на тој натпревар. Се работи за Анас Шарбини. Еден од трите настапи за репрезентацијата му беше токму против големата Аргентина во која играа големи фудбалски ѕвезди. Шарбини имаше среќа да биде стрелец на единствениот гол на Хрватите на тој натпревар, додека за Аргентинците погодија Лионел Меси и Серхио Агуеро.
Фудбалерот кој во моментов игра нисколигашки фудбал за Рјечина во моментов, во тој момент беше член на Ријека. За Хрватска постигна два гола, а еден е токму тој против Аргентина. Секако дека за Шарбини тоа е најголемиот момент во кариерата. Интересно беше и тоа што за време на мечот му ја протна топката меѓу нозе на Меси.
Точно десет години подоцна тој објави фотографија и се присети на времето некогаш и сега. Пред деценија ѝ даде гол на Аргентина, му ја протна низ нозе на Меси и се фотографираше со него, а сега стави фотографија во шума како собира дрва.