ВИДЕО: Пред десет дена разликата беше десет бода, сега Бенфика и Порто ги дели ЕДЕН бод!

Пред само десетина дена првенството на Португалија делуваше извесно со двоцифрена предност на Бенфика пред Порто. Но, по победата на „змејовите“ во „О Класико“ со 3-2, овој викенд по одигрувањето на 21. коло дистанцата е само еден бод!

Бенфика вторпат оваа сезона загуби на домашен терен, и тоа од Брага, а Порто во полемичното гостување во Гимареш, извојува победа со 1-2. Стефан Ристовски настапи во ремито на „зелено-белите“ на гостински терен во Рио Аве. 

Виторија Гимареш - Порто 1-2: 

Бенфика - Брага 0-1: 

Рио Аве - Спортинг Лисабон 1-1: 

Титулата од минатата сезона ја брани Порто, кој ќе има предност во случај двете екипи да завршат со ист број на бодови, заради победите во двата меѓусебни натпревари.