Пред четири години пристигна во Италија како бегалец, а вчера му даде гол на Интер

Интер одново се „сопна“ и загуби дома од Болоња со 1-2, иако водеше на полувреме и имаше човек повеќе. Младите Муса Јувара и Муса Бароу го решија натпреварот за тимот на Синиша Михајловиќ и ги освоија бодовите. 

Помладиот од двајцата напаѓачи го запиша првиот гол на своето конто во клубот, откако Јувара погоди по само девет минути на теренот за 1-1. 

18-годишникот пристигна во Италија пред четири години, а интересно е тоа што Јувара од Гамбија пребега на „чизмата“ со брод каде дојде како мигрант. Младиот напаѓач започна да игра фудбал во нисколигашот Потенца, па преку Виртус и Киево стигна во Серија А. 

По овој пораз Интер е на силен удар од јавноста, бидејќи не само што не е конкурентен во борбата за титулата, туку и мора да го чува третото место од Аталанта, која игра во врвна форма.