Пред четири години Македонија одигра реми во Торино, како ќе биде на баражот во 2022?

Македонија

Ждрепката во Цирих донесе исклучително неповолен пат за Македонија во баражот за пласман на Мундијалот.

Прва пречка во полуфиналето ќе ни биде Италија, која е актуелен европски првак. „Аѕурите“ без никаков сомнеж ќе бидат фаворити за пласман во следната фаза, а нас ќе ни остане надеж дека ќе направиме чудо против шестата репрезентација на ФИФА ранг листата.

Италијанците завршија без пораз во квалификацискиот циклус. Но, неколкуте нерешни резултати беа причина да завршат на второто место и да бараат место на Светското првенство преку баражот.

Се работи за репрезентација која на голот го има Џанлуиџи Донарума, а главен командант на одбраната е Леонардо Бонучи. Жоржињо е лидер во средниот ред, а Лоренцо Инсиње и Федерико Киеза ќе бидат играчите на кои најмногу внимание треба да посвети македонската дефанзивна линија.

Пред четири години двапати се надигрувавме со Италија. На гости успеавме да извлечеме реми, со голот на Александар Трајковски во Торино. Потоа на домашен терен несреќно загубивме со 2-3. 

Селекторот Благоја Милевски ќе има тежок период пред себе, во кој ќе мора да подготви тактика за остварување нов подвиг во репрезентативниот фудбал во Македонија.