ВИДЕО: Пред четири години Бејл заврти цел круг околу Бартра и постигна победнички погодок

Бејл и Бартра

Еден од најблескавите моменти на Герет Бејл како член на Реал Мадрид се случи на денешен ден пред точно четири години. „Кралевите“ ја победија Барселона во финалето од Купот на Кралот, кое се играше на „Местаља“, а победничкиот погодок го постигна токму Велшанецот.

Цел фудбалски свет зборуваше за тој момент, во кој фудбалерот на Реал претрча половина терен, притоа заобиколувајќи го Марк Бартра, кој немаше сили да се носи со неговата брзина.

Тое беше неговиот прв победнички гол во белиот дрес, со кој докажа дека може да влијае на играта кога тоа е најпотребно за екипата. И сето тоа го направи додека неговиот клупски колега, Кристијано Роналдо, беше надвор од теренот поради повреда.