• Мартин Танасковски
Екипата на Викомб Водерерс го живее сонот, затоа што во плеј-офот од Лига 1 кој се одигра на „Вембли“ славеше над Оксфорд Јунајтед (1-2) и се пласира во Чемпионшип лигата за првпат во историјата.
Оваа екипа до 1984 година играше во аматерските рангови на Англија, а за да влезат во една од професионалните лиги на Островот чекаа повеќе од 100 години. Тимот е формиран во 1887 година, а промоција во Лига 2 за првпат обезбедија во 1994 година.
Оттогаш константно беа во третиот или во четвртиот ранг. Најголемиот успех на Викомб досега беше во 2001 година кога играа полуфинале на ФА Купот, како и полуфиналето во Лига Купот во 2007 година.
За оваа екипа настапува „најсилниот фудбалер во светот“ - 38-годишниот Адебајо Акинфенва.