ВИДЕО: Пред 29 години Стојковски го реши историското стото дерби меѓу Ц. Звезда и Партизан!

Фудбалска Србија уште многу години ќе го памети денешниот ден. На 6 мај 1995 година на легендарната „Маракана“ се одигра стотото вечно дерби меѓу лутите ривали Црвена Звезда и Партизан. 

На тој дуел „црвено-белите“ извојуваа минимална победа од 2-1, а човек на одлука беше тогашниот репрезентативец на Македонија, Митко Стојковски. Битолчанецот стави печат на историското дерби со гол и асистенција и стана миленик на навивачите на Црвена Звезда. Стојковски беше и капитен на таа Црвена Звезда, што беше уникатно искуство на еден македонски фудбалер. 

Од тоа дерби минаа 29 години, но сè уште српските медиуми ја прераскажуваат приказната за Стојковски, левиот бек кој стана јунак на тоа легендарно стото дерби.