ВИДЕО: Пред 19 години Зидан постигна еден од најубавите голови во ЛШ!

Зинедин Зидан беше вистински уметник на фудбалските терени, со сигурност еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт. Покрај многуте погодоци во својата кариера, дефинитивно најубав во елитната Лига на шампиони даде во 2002 година. 

Реал Мадрид стигна до трофејот со триумфот над Баер Леверкузен (2-1), а во финалето беше виден еден од најатрактивните погодоци во историјата на ова натпреварување. По центаршут на Роберто Карлос, францускиот виртуоз со атрактивен волеј ја смести топката во поблискиот агол, на општо одушевување. 

  • Погодокот на Зидан против Леверкузен: 

Во ова финале, Реал поведе преку Раул, а израмнувањето го донесе дефанзивецот Лусио. Сепак, херој на денот беше Зинедин Зидан со епски погодок.