• Мартин Танасковски
Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а на натпреварот против Њукасл (4-1) на кој тој постигна два гола се случи еден интересен момент кој ги врати навивачите на „ѓаволите“ 18 години назад.
Џеси Лингард ја запечати победата на „Олд Трафорд“ во самиот финиш, а го прослави со Кристијано Роналдо. За време на првиот мандат на Португалецот во Манчестер Јунајтед, Лингард беше дете.
На тренинзите на првата екипа гостин беше тогаш десетгодишниот Лингард, кој му се восхитуваше на Роналдо. Еден од најдобрите техничари во фудбалот го учеше Англичанецот фудбалски финти, а денес двајцата заедно славеа погодок...
- Фотографии од моментот пред 18 години и денес: