ВИДЕО: Пред 14 години Меси стана светски првак со Аргентина, светот го запозна генијот!

Денес во Полска почнува Светското првенство за фудбалери до 20 години. Овие турнири скоро секогаш лансирале големи ѕвезди, а скаутите со внимание ги следат сите детали од турнирот. Пред 14 години на У20 Светското првенство во Холандија блесна еден од најголемите таленти и најголемите фудбалери во историјата.

Предводени од Лео Меси, Аргентинците станаа младински светски прваци во 2005 година, откако во финалето ја совладаа Нигерија со 2-1. Меси беше прогласен за најдобар фудбалер и со шест гола го понесе признанието најдобар стрелец на шампионатот.

  • Настапот на Лео Меси на У20 Светското првенство 2005 година:

Денешната Аргентина е водена од идолот на Меси, Пабло Аимар како селектор и има големи шанси да ја освои седмата светска круна.