• Иван Димовски

На денешен ден пред 13 години италијанскиот гигант Милан стигна до седмата и последна титула во Лигата на шампионите, откако во финалето славеше над Ливерпул со 2-1.
Последниот блесок на росонерите на интернационалната сцена беше слатка одмазда за тешкиот пораз од финалето во 2005 година, кога Ливерпул се врати по три гола негатива на полувреме и на пенали ја освои титулата.
- Најдобрите моменти од финалето:
Таа ноќ во Атина, Милан ги искористи своите шанси и со двата гола на Пипо Инзаги дојде до трофејот. При првиот, Андреа Пирло биеше од слободен удар, топката го погоди напаѓачот во рамото, го смени правецот и го измами Пепе Реина.
Во продолжението Ливерпул се обидуваше да се врати, но италијанскиот тим казни за испуштените прилики. Рикардо Кака прецизно го проигра Инзаги, а голгетерот лесно мина покрај голманот и ја погоди празната мрежа за огромно славје. До крајот на средбата, Дирк Кајт ја врати надежта за Ливерпул, но веќе беше доцна и „росонерите“ славеа одмазда.
По освоената седма титула екипата на Милан уште неколку години беше конкурентна, па клубот тимот е во голема криза и „сив период“, а веќе неколку години се обидува да најде пат кон врвот во Италија.