ВИДЕО: Барди од 30 МЕТРИ погоди пречка, Македонија жали за ефектен еврогол!

Среќата им го сврте грбот на македонските фудбалери во првиот дел од десеттиот квалификационен натпревар во групата Г против Израел. Најмалку пет пати фудбалерите на врска и напаѓачите на Ангеловски се најдоа во изгледни позиции, но израелскиот голман и во еден случај пречката ги спасија Израелците.

Во 37. минута специјалистот за прекини, Енис Барди од слободен удар од тешка позиција, биеше со ефе, но топката заврши во конструкцијата од голот на Харуш.

Претходно, Елмас и Барди се заканија во првите три минути, па шанса имаше Костадинов, а во 44, минута блиску до гол беше и Николов, но неговиот силен шут од работ на казнениот простор заврши крај дирекот.