• Иван Димовски

Филип Клеман дебитираше на клупата на Монако, ама неговите избраници не успеаја да го скршат отпорот на Нант и одиграа реми без погодоци на „Стејд де ла Бужур“ (0-0). Иако гостите од кнежевството важеа за фаворит, не успеаја да се носат со одличната дефанзивна линија на Нант и мораа да се задоволат со бод.
- Нант - Монако 0-0:
Дуелот од 20. коло на француската Лига 1 не понуди претерано многу возбудувања. Во првиот дел екипите имаа по една шанса за издвојување преку Диоп и Блас, но голманите беа на висината на задачата. Во продолжението Блас и Чиривела ги тестираа можностите на голманот Нубел, додека најдобрата шанса за Монако не ја искористи Мирон Боаду.
- Мец - Стразбур 0-2:
Претходно во пладневниот термин победа на гостувањето кај Мец запишаа фудбалерите на Стразбур од 0-2 (0-0). Иако по првиот дел немаше погодоци, со головите на Ажорк и Ахули гостинот од Стразбур се радуваше на славје и три бода.
- Клермон - Ремс 0-0:
Реми без голови одиграа уште и Клермон и Ремс (0-0).