Празник во Струмица, Вардар има втора меч-топка за есенска титула

Фудбалската есен во Струмица ќе заврши на најдобар можен начин - со дерби на двете водечки екипи на табелата, домашната Академија Пандев и лидерот Вардар. „Црвено-црните“ ја имаат втората шанса за есенска титула, откако во средата само ремизираа во Кратово. 

Попладнево „пандевци“ очајничко посакуваат да ја прекинат серијата од пет натпревари без победа, а нема поголема мотивација од дуелот со најтрофејната македонска екипа. И Васоскии Тренчовски немаат големи проблеми со составување на тимот, а традицијата им се насмевнува на скопјани.

Последни пет меѓусебни натпревари:
29.09.2019 - Вардар - Академија Пандев 1-0
26.05.2019 - Академија Пандев - Вардар 1-1
07.04.2019 - Вардар - Академија Пандев 1-1
02.12.2018 - Академија Пандев - Вардар 0-0
06.10.2018 - Вардар - Академија Пандев 3-0

Aлександар Грујоски ќе ја дели правдата на натпреварот во Струмица, а се предвидува и поголема посета од просекот за гостувањето на Вардар. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15