• Мартин Танасковски
Карло Анчелоти не успеа да дебитира победнички на клупата на Бразил каде пристигна од Реал Мадрид, затоа што Кариоките одиграа 0-0 на гостувањето кај Еквадор.
- Еквадор - Бразил 0-0:
Неколкукратниот светски првак делуваше безидејно и празно, а играта беше досадна. Но, тоа е разбирливо, затоа што под водство на новиот тренер од Италија кој е прв странец во историјата ова беше прв меч. Бодот повеќе му одговара на Еквадор, кој е второпласиран, додека Бразил е на четвртото место.
- Парагвај - Уругвај 2-0:
Парагвај го мина Бразил и се израмни со Еквадор, затоа што дома го совлада Уругвај со резултат 2-0. Тимот е многу близу до промоција на СП 2026, стрелци на головите беа Галарза во 13. минута и Енсисо од пенал во 81. минута.
- Чиле - Аргентина 0-1:
Победнички ден имаше и Аргентина, која во дербито со минималец (0-1) го освои Чиле. Единствениот гол за лидерот на табелата кој веќе е на Мундијалот каде ќе ја брани титулата го постигна Хулијан Алварез.