• Горан Упале
Дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Охрид започна со големо возбудување пред домашниот гол и спорна ситуација.
Имено, во деветтата минута еден гостински фудбалер испрати „бомба“ кон противничкиот гол, а топката од пречката заврши зад грбот на Серафимов. Сепак, удиите не ја прекинаа играта, иако фудбалерите на Охрид очекуваа да се досуди да центарот.
- Спорниот момент на натпреварот Брегалница - Охрид:
Погледнете ја ситуацијата и заклучете сами дали судиите ја однесоа вистинската одлука, или пак Охрид е оштетен во Штип.