ВИДЕО: Праведна одлука на судијата? Хот срушен, но нема пенал за Пелистер против Ренова

По почетната иницијатива на Ренова, фудбалерите на Пелистер конечно се ослободија од притисокот и започнаа да го напаѓаат голот на домаќините, а во 21. минута протестираа кон главниот судија, барајќи најстрога казна. 

Абдула го сруши Хот во казнениот простор на Ренова, но главниот судија Стојчевски не ја прекина играта и не досуди пенал за битолчани, иако првиот стрелец на битолчани доби директен удар по десната нога.

  • Спорниот момент во Гостивар: 

На стартот од првиот дел Ренова пропушти голема шанса да го отвори резултатот, но Мухарем не го искористи подарокот од гостинската одбрана и голманот Талески.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Талески и одбраната подарија зицер, но Мухарем промаши од невозможна позиција!