Прандели заминува од Џенова, Пандев ќе добие нов тренер

Откако успеа да обезбеди опстанок во Серија А, екипата на Џенова, каде што настапува нашиот Горан Пандев, веќе ја планира својата иднина. Голема е веројатноста од следната сезона поранешниот шампион на Италија да добие нов тренер. 

Клаудио Чезаре Прандели најверојатно ќе го напушти клубот, бидејќи во неговиот договор има клаузула за автоматско едногодишно продолжување доколку клубот остане во Серија А, но тој нема намера да ја искористи таа опција.

Претседателот Енрико Прециози во наредните денови ќе ја донесе конечната одлука. Тренерот на СПАЛ, Леонардо Семпличи е најсериозен кандидат за наследник на Прандели. Овој млад стручњак успеа да обезбеди опстанок во Серија А со клубот од Ферара и трансфер во Џенова би значел чекор напред во кариерата.

Иднината и на нашиот Горан Пандев не е извесна, но голема е веројатноста дека и следната сезона ќе го носи дресот на Џенова.