ВИДЕО: Прандели дебитира со пораз, Инзаги и Беневенто ја добија Фиорентина

Фудбалерите на Беневенто по пет порази во низа успеаја да слават и тоа на тешкото гостување на „Артемио Франки“ кај Фиорентина со 0-1 (0-0), во дуелот од осмото коло на италијанската Серија А. Клаудио Чезаре Прандели со пораз дебитираше на клупата на „виолетовиге“, бидејќи момците на Пипо Инзаги со еден гол го решија натпреварот. 

Првото полувреме беше тактичко надмудрување на двајцата стратези. Ниту Фиорентина, ниту Беневенто не презедоа преголеми ризици, па така немаше ниту многу возбудувања. 

Пипо Инзаги се реши по паузата во игра да го внесе Роберто Инсиње, кој пак беше клучен во акцијата која водеше до голот. Братот на ѕвездата од Наполи украде топка од бекот на противникот и го проигра Рикардо Импрота на средината, а напаѓачот со одмерен удар ја затресе мрежата на Драговски (0-1).

  • Извештај од натпреварот:

Иако се очекуваше Фиорентина на Прандели да нападне и притисне, тоа не се случи. Беневенто остана тимот кој беше поопасен и до крајот, а во неколку наврати предноста можеше да биде и удвоена. Сепак, Инсиње и Лападула не успеаа да го пронајдат патот до мрежата, а „виолетовите“ се заканија само еднаш преку Влаховиќ.