„Познаваше само пет или шест фудбалери од ПЛ, а пред мечевите не знаеше кој ни е противник“

Поранешниот англиски напаѓач Питер Крауч одговараше на бројни прашања поставени од фановите на социјалните мрежи, а во таа прилика се потсети на својот поранешен соиграч во Тотенхем, Беноа Асу-Екото. 

Јужноафриканецот беше голем талент, но и фудбалер кој не бил многу заинтересиран за професијата која ја работи. 

„Морам да го издвојам Асу-Екото. Тој воопшто не беше заинтересиран за фудбал. Познаваше само пет или шест фудбалери во Премиер лигата и толку. Правеше сè спротивно од нас. На натпреварите доаѓаше со топло чоколадо и кросана, а ние моравме да јадеме јајца или паста. Кога би го прашале со кој играме, тој не знаеше. Не ги гледаше натпревари, чекаше крај и веднаш се упатуваше кон дома. Не беше друштвен, но беше многу талентиран“, вели Крауч.

36-годишниот Асу-Екото по Тотенхем настапуваше за Квинс Парк Ренџерс, а својата кариера ја заврши во 2018 година како член на Мец.