Познато зошто Кавани добива мала минутажа сезонава во Јунајтед

Оваа сезона Единсон Кавани само двапати беше стартер во дресот на Манчестер Јунајтед, а тоа е само една од бројните критики кои доаѓаат на сметка на Оле Гунар Солскјер. Но, менаџерот на Јунајтед има причина за скромната употреба на Уругваецот.

Во изјава за уругвајскиот весник „Ел опсерватор“, Кавани рече дека причина за малата минутажа оваа сезона се повредите.

„Ситуацијата е таква што од почетокот на сезоната чувствувам непријатност во пределот на препоните. Затоа бев отсутен на почетокот пред да почнам малку да влегувам во игра“, изјави Кавани, осврнувајќи се на првиот старт на сезоната на натпреварот против Евертон.

Во репрезентацијата цело време доаѓав со блага болка, но и со надеж дека конечно ќе помине. И тргна во вистинска насока, но по натпреварот со Тотенхем повторно се влоши. Станува збор за комплицирани повреди, па решив да почнам со терапии пред повторно да се влоши за да бидам подготвен да играм што е можно поскоро“, вели поранешниот ас на Палермо и ПСЖ.

Во октомвриската пауза Кавани одигра деведесет минути на сите три натпревари за Уругвај, по што беше во стартниот состав на Јунајтед против Тотенхем.