• Иван Димовски
Стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ ги помести границите, бидејќи по своето реновирање доби еден навистина ултра-модерен изглед, но и функционалност.
Самиот надворешен изглед е нешто налик на огромна арена, на него има кров кој се отвора и затвора, а постои и можност за менување на тревникот. Под теренот има многу катови во кои се собира и одржува тревната подлога, што е вистинска револуција која ретко се гледа во фудбалскиот свет.
Кога реално ќе се согледа ситуацијата, јасно е дека реновирањето на стадионот чинеше „цело богатство“. Познатиот шпански економист Хектор Мохедано открива дека иако планот на Реал и градот Мадрид беше реновирањето да чини околу една милијарда евра, тоа не се исполни.
Работите беа завршени за речиси двојно повеќе пари од планираното, па се потрошија вртоглави 1,8 милијарди евра за преработувањето на „Сантијаго Бернабеу“. Нема сомнеж дека тоа се пари со кои може да се изгради цел нов стадион...