• Иван Димовски
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе настапи во првото претколо од Лигаат на шампионите, а таму ќе одигра двомеч со финскиот тим Купс.
Вардарци ќе го играат првиот натпревар како домаќини против Финците. Истиот е закажан на седми јули на Националната арена „Тодор Проески“. Средбата меѓу Вардар и Купс ќе се одигра во терминотт од 19:00 часот.
Реванш дуелот во Финска е закажан за седум дена подоцна.
Ако го елиминира Купс, Вардар би вкрстил со подобриот од двомечот меѓу Сабах и ТНС. Од друга страна, ако бидат елиминирани „црвено-црните“ преоѓаат во Конференциската лига и ќе вкрстат со Арарат или Рига.

