Познато каде Ибрахимовиќ ќе ја одигра последната сезона во кариерата

Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ќе си замине од Милан, каде во последните шест месеци го помина вториот мандат во клубот.

Поради недоразбирања со челниците на екипата, Швеѓанецот ќе го напушти Милано и Италија. Така барем тврди реномираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.

Бидејќи отпадна опцијата да ја засили Болоња, голгетерот во наредната сезона најверојатно ќе се врати во својата Шведска. Таму ќе биде дел од Хамарби, каде стана сопственик во изминатиот период и многу веројатно каде што ќе ја заврши кариерата.

По едногодишната авантура во МЛС лигата во САД, популарниот Ибра се врати во Европа и одлучи да му помогне на Милан. Меѓутоа неговиот кам-бек не донесе големи промени, со оглед на позицијата и резултатите кои ги бележат „росонерите“.

Кариерата на Ибрахимовиќ започна во Малме, а низ годините ги носеше дресовите на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.