Познато е колку ќе заработува Азар секоја минута од договорот со Реал Мадрид!

Реал Мадрид синоќа потврди дека нов фудбалер на тимот е белгискиот ас Еден Азар, кој доаѓа од редовите на англиски Челзи. 

Долго време се шпекулираше за овој трансфер, кој конечно доби официјализација и Азар потпиша договор на пет години. Лондонскиот гигант за овој трансфер ќе заработи 100 милиони евра, но сумата може да достигне и до 150 во зависност од настапите и успесите на Азар.

Добар договор доби и самиот фудбалер, кој со овој потпис ќе стане еден од најплатените играчи на планетата. Белгиецот годишно ќе заработува по 19,2 милиони фунти, што е далеку повеќе од договор што го имаше со Челзи. 

Тоа значи дека Азар месечно ќе инкасира по 1,73 милиони фунти, неделно по 400.000 фунти, дневно 57.142 фунти, на час по 2.300 фунти, додека на минута по 39 фунти. 

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата своето официјално претставување пред „кралските“ фанови ќе го има на 13 јуни.