• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар остана без главниот тренер Кристијан Фабијани по дерби поразот со Шкендија, а на следниот дуел со Струга Трим Лум, познато е кој ќе го води тимот.
Аргентинецот се раздели со македонскиот шампион, а на натпреварот со стружани, тренерите кои ќе го водат Вардар ќе бидат најблиските асистенти на Фабијани. Тоа се Матија Мирков и Христијан Кировски, кои ги работеа последните тренинзи на екипата.
Вардар е во потрага на нов стратег, а додека се донесе конечна одлука што и како понатаму, двајцата ќе бидат заедно со екипата. Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Вардар се игра во недела.



