• Сашо Поповски

Костарика и Нов Зеланд ќе се борат за последното празно место на Светското првенство кое оваа година за првпат ќе го организира Катар.
Баражот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 14 јуни во Доха. Победникот ќе се најде во групата Е заедно со Германија, Шпанија и Јапонија. Претходно, ќе биде познат последниот учесник од Европа на претстојниот Мундијал. Шкотска и Украина ќе се борат за дуел со Велс на 5 јуни.
Истиот ден ќе се игра бараж во Азија каде ќе се сретнат Обединетите Арапски Емирати и Австралија, а победникот од овој меч на 13 јуни во Доха ќе игра против Перу за пласман во групата Д на Светското првенство, каде ќе се надигрува со Франција, Данска и Тунис.