• Саше Љолес
Македонската фудбалска репрезентација ја очекува нов циклус во Лигата на нации, каде за првпат ќе настапува во Б сегментот, а за противници ќе ги има селекциите на Швајцарија, Шкотска и Словенија.
Циклусот го отвораме против Швајцарците на 26 септември во Скопје, а сега е познато дека возвратниот дуел ќе се одигра на „Свиспор Арена“ во градот Луцерн, на шести октомври годинава. Стадионот има капацитет од само 16.800 гледачи.
Швајцарија ќе важи за голем фаворит во оваа пресметка, а Македонија ќе се обиде да извлече позитивен резултат против силниот ривал кој неодамна стигна до четвртфиналето на Светското фудбалско првенство.
Пред избраниците на селекторот Гоце Седлоски е голем и сериозен предизвик, затоа што ќе се соочат со навистина незгодни и моќни ривали во Лигата на нации.

