Познати можните ривали на Шкендија пред ждрепката за првото претколо на ЛШ

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија ќе го започне европското лето во првото претколо за пласман во Лигата на шампионите на УЕФА. 

Тетовчани утре точно напладне (12:00 часот) на ждрепката во Нион ќе го дознае ривалот во квалификацискиот двомеч, а веќе се познати четирите можни противници. Од нив, дефинитивно најзвучно име е ХЈК Хелсинки од Финска, а останатите три се Конах Квеј Номадс од Велс, Мура од Словенија и босански Борац Бања Лука. 

  • Четирите можни ривали: 

ХЈК Хелсинки (Финска)
Конах Квеј Номадс (Велс)
Мура (Словенија)
Борац Бања Лука (БиХ)

Како тим од шампионскиот дел во квалификациите, при евентуална рана елиминација од Лигата на шампионите, Шкендија би продолжила во второто претколо во Конференциската лига. За да се дојде до Лигата на Европа, Шкендија би морала да мине едно претколо во квалификациите за Лигата на шампионите.