• Горан Упале

Со утрешните шест натпревари и официјално ќе биде спуштена завесата од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). На програмата е 33. коло од шампионатот, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди делителите на правдата за сите шест натпревари.
На натпреварот Работнички – Шкендија, кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга. Дербито во Струга меѓу старо-новиот шампион и Шкупи ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, додека на центарот во Турново ќе застане Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
- Официјални лица за последното коло во ПМФЛ:
