• Зоран Мишевски
Грузија, Украина и Полска се последните патници на Европското првентво во Германија и победници на финалните плеј-оф натпревари. По одигрувањето на трите финални бараж-натпревари познати се сите групи и сите натпревари.
Грузија, која првпат се пласира на шампионат на Европа, ќе игра во група со Португалија, Турција и Чешка. Украинската репрезентација е сместена во група со Белгија, Словачка и Романија, а Полјаците ќе играат со Холандија, Австрија и Франција.
Групи на Европското првенство 2024 година:
Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија
Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка
Европското првенство ќе се одржи на германско тло од 14 јуни во 14 јули. Првиот натпревар е дуелот на Германија и Шкотска во Минхен.